Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Лице од Велгошти повредено во експлозија која настанала при испуштење плин од неисправна плинска боца

Охрид, 11. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти август 2024 година, во 16:35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во куќа сопственост на лице од охридското село Велгошти, настанала експлозија при испуштење плин од неисправна плинска боца.

– Притоа, било повредено 58-годишно лице, кое го испуштало плинот, со возило на Итната медицинска помош било пренесено во Општата болница во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По насоки на Јавен обвинител увид на местото извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука