август 12, 2024

Охрид, 12. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Здравата исхрана игра клучна улога за нашата долговечност, со акцент на балансираната исхрана која ја поддржува целокупната благосостојба на телото.

Иако протеините се важна компонента на секоја исхрана, обезбедувајќи елементи за обнова на мускулите, ткивата и различните телесни функции, не сите извори на протеини се подеднакво здрави и корисни за нас.

Одредени видови месо може да имаат штетно влијание врз здравјето на срцето и можат да придонесат за зголемување на телесната тежина. Кардиологот и кардиоторакален хирург, д-р Bhaskar Semitha, предупреди на два такви видови на месо.

Преработено месо

Преработеното месо е дел од исхраната кај многу луѓе, но за жал. тоа изобилува со многу штетни состојки.

– Во оваа група се сланината, колбасите, виршлите и разни сувомесни производи, вели д-р Semitha.

Високото ниво на натриум, заситени масти и конзерванси во преработеното месо може значително да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни болести и одредени видови на рак. Редовното консумирање на преработено месо е поврзано со поголема инциденца на срцеви заболувања и мозочен удар, што го прави храна која треба да се избегнува, доколку сакаме здраво срце и да го продолжиме животот.

Црвено месо

Црвеното месо често се консумира поради неговиот богат вкус и високата содржина на протеини.

– Сепак, консумирањето на големи количини црвено месо може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања поради високата содржина на заситени масти, предупредува кардиологот.

Иако повременото консумирање можеби не претставува значителен ризик, редовните и големи порции може да доведат до повисоки нивоа на холестерол и покачен крвен притисок, што се фактори на ризик за срцеви заболувања. Умереноста е клучна, а се препорачува ограничување на внесување на црвено месо за да се подобри здравјето на срцето. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука