Забава Избор

SUPER Fresh Music: Felix Jaehn & Sophie Ellis-Bextor – Ready For Your Love

Охрид, 12. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе пати наградуваниот EDM уметник Felix Jaehn го претстави сензуалниот сингл „Ready For Your Love“ кој ќе ја разгори страста во тропските денови во кои уживаме ова лето.

Атмосферата ја вжешти и познатата британска музичарка Sophie Ellis-Bextor, чија вокална изведба е страсна и нурнати во брзиот ритам на електронската музика која ќе ги освои подиумот и фестивалите.

Статусот на Sophie во музичката индустрија, особено во делот со денс-музиката, е илустриран со нејзиниот глобален хит „Murder On The Dancefloor“ објавен на самиот почеток на 2000-тите.

Овој хит продолжува да ги плени слушателите дури и 20 години подоцна, а филмот „Saltburn“ објавен на почетокот на оваа година дополнително ја врати песната во фокусот.

Милијардите слушања постигнати од Felix Jaehn се исто така јасна потврда дека оваа соработка е уште еден голем хит во најава.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука