Забава Избор

SUPER Fresh Music: Glockenbach – Better Days

Охрид, 15. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Мистериозниот EDM феномен на музичката индустрија, Glockenbach го претстави еуфоричниот сингл „Better Days“ чија позитивна енергија буди надеж за подобро утре.

Познатиот пејач Declan J Dolovan исто така се приклучува на песната и внесува оптимизам со својот вокал, а заразниот ритам има за цел да му донесе сериозен успех на дуото.

Со три хит синглови кои ги освоија германските и европските топ листи, како и повеќе од 400 милиони слушања на глобално ниво, Glockenbach е едно од најинтригантните нови имиња во индустријата, а неговиот изглед и црната маска што го крие неговиот идентитет се автентични и интригираат.

Судејќи по енергијата на новата песна, на уметникот му се насмевнува уште еден хит.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука