Охрид, 11. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Пожарот на територијата на Општина Охрид, на планината Галичица, се префрли од страната на Ресен, каде гори на потегот од врвот „Магаро“ кон Стење, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
– Врз овој пожар дејствуваат 18 храбри доброволци на Црвениот крст, дел од планинската спасителска служба од Охрид кои со хеликоптер ги пренесовме до врвот „Магаро“ од каде постепено се спуштаат и дејствуваат врз овој пожар каде гори трева и нискостеблести растенија, вели Ангелов.
Тој уверува дека пожарот ќе биде сопрен и нема да ги загрози населбите во подножјето на планината. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 163