Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Од ЈП „Водовод“ апелираат на разумно користење на водата, можни се испади во системот во повисоките зони

Охрид, 11. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈП „Водовод“ Охрид ги известуваат граѓаните дека поради енормно зголемената потрошувачка на вода и исполнетоста на градот со туристи, во текот на денешниот ден се случија неколку испади на водоснабдителниот систем, кои резултираа со намалување на притисокот во високата зона во градот и приградските населби.

Заради тоа, апелираат на разумно и рационално користење на водата, наменски и за лична употреба, а не за наводнување на паркови, земјоделски насади, полнење базени, миење дворови и слично, особено во овие топли денови кои претстојат.

– Поради ваквата состојба, можни се повторни испади на водоснабдителниот систем и во попладневните часови, особено по 18:00 часот во повисоката зона на градот, како и приградските населби, особено Лакочереј, Лескоец, Рача и Велгошти. Се надеваме дека корисниците ќе се придржуваат на ваквите апели и ќе придонесат за стабилизација на системот, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука