Охрид, 12. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер со почеток во 20:00 часот, кај Спомен обележјето на Живко Чинго, во атарот на црквата „Св. Петка“ во Велгошти ќе се одржи културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“.
Програмата предвидува полагање на свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго, обраќање на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, доделување на наградата за најдобар расказ, кратко обраќање на добитникот на наградата Дијана Петрова.
Беседа за Чинго ќе одржи Бранко Цветкоски, поет, литературен критичар, преведувач и новинар, по што ќе следува културно-уметничка програма со настап на квартетот „Струни“ и КУД „Филиграни“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 73