Охрид/Струга, 12. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти август 2024 година, во 01:35 часот во СВР Охрид било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на регионалниот пат Охрид-Струга, кај Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, во која е повредено едно лице.
– Во незгодата учествувало патничко возило марка „Опел астра“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 40-годишно лице од Струга, кое излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата „Св. Еразмо“. Увид извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор. МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 40