Охрид, 15. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува програмата во рамки на проектот „За сите деца“ под мотото „Културата расте со децата“, поддржан од Општина Охрид.
Утревечер од 20:00 часот на плоштадот „Вангел Наумовски“ ќе се одржи Книжевен хепенинг за деца. Предвидено е претставување на авторите, писатели за деца Билјана Црвенкоска, Ели Маказлиева, Роза Костеска и Васка Јовановска, како и мини саем на книги и изданија за деца.
Во рамки на настанот ќе има и музичка програма со настап на дечињата од „Малите ѕвездички КА-2“ и фестивалот „Распеано рибарче“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 32