Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Охриѓанец физички нападнал полициски службеници, пронајдена дрога кај пет лица од Скопје

Охрид, 15. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.

– На 4-ти август 2024 година, на булевар „Туристичка“ во Охрид, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, по што бил лишен од слобода, информираат од МВР.

Во друг случај, СВР Охрид поднесе кривична пријава против четири лица од Скопје, на возраст од 18, 20, 19, 18 и 19 години, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

– На 22-ри јули 2024 година во Охрид, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што пронашле и одзеле амфетамин, таблета MDMA, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. На пријавените им била изречена мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од МВР.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 18-годишно лице и еден малолетник, двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 22-ри јули 2024 година во Охрид, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што била пронајдена и одземена марихуана. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука