Охрид, 15. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Четири нови шумски пожари избувнаа во Република Македонија во текот на попладневните часови, од кои еден на планината Галичица во правец на селата Лескоец и Стење, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
– Нов пожар кај Ресен и Охрид, на Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа. Попладнево дејствуваа 1 хеликоптер на МВР на ресенска страна и три авиони „Ер трактори“ на ДЗС и Германија на охридска страна. Вкупно 120 лица: ДЗС, ТППЕ, НП, Планинска спасителна служба, доброволци и други лица. Гори нискостеблеста вегетација и букова шума, додаваат од ЦУК. (Крај)
извор: ЦУК фото: архива