Избор Култура Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

„Културата расте со децата“: Книжевен хепенинг за деца на плоштадот „Вангел Наумовски“

Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува програмата во рамки на проектот „За сите деца“ под мотото „Културата расте со децата“, поддржан од Општина Охрид.

Вечерва од 20:00 часот на плоштадот „Вангел Наумовски“ ќе се одржи Книжевен хепенинг за деца. Предвидено е претставување на авторите, писатели за деца Билјана Црвенкоска, Ели Маказлиева, Роза Костеска и Васка Јовановска, како и мини саем на книги и изданија за деца.

Во рамки на настанот ќе има и музичка програма со настап на дечињата од „Малите ѕвездички КА-2“ и фестивалот „Распеано рибарче“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука