Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Охридскиот музичар Горан Папаз со прекрасни вести: Еден на 10.000 биле шансите за природна тројка… Ние победивме!

Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот македонски саксофонист со потекло од Охрид Горан Папаз сподели прекрасни вести на неговиот профил на Facebook.

– Еден на 10.000 биле шансите за природна тројка… Ние победивме! Вака изгледа скрининг на три бебиња во меше. Ви кажав еднаш, не дека е моја ама… – напиша Папаз.

Тој додаде дека сега веќе „го решил проблемот со барање музичари за бенд.“ (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука