Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Состојбата на планината Галичица е стабилна, а пожарот во моментов го гасат повеќе од 100 пожарникари, вработени во Националниот парк „Галичица“, ДСЗ, ЦУК, членови на Планинската служба за спасување (ПСС), волонтери и други лица, порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.
Тој денеска ги посети екипите кои на терен вложуваат надчовечки напори во борбата со огнената стихија на Галичица.
– Извршив обиколка на теренот каде се прават земјени појаси за да се спречи понатамошно ширење. Заедно со Штабот за заштита и спасување на Општина Охрид продолжуваме будно да ја следиме состојбата и да ги обезбедуваме потребните средства, вели Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 74