Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот театар ќе стане значајна културна сцена во регионот, порача денеска од Охрид Министерот за култура и туризам Зоран Љутков по работната средба со в.д директорот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид, Горан Стојаноски.
– Разговаравме за тековните активности, за репертоарот и плановите за иднина, за проектите кои треба да ја ревитализираат и квалитетно да ја подигнат културната сцена во охридскиот регион, информира Љутков.
Додава дека оствариле продуктивен разговор од кој произлегле идеи и значајни насоки кои ветуваат квалитетно успешна соработка. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 49