Скопје, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот новинар и Тв водител Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци е во тешка здравствена состојба и има потреба од зафат во болница, кој чини поголеми финансиски средства.
– Изминативе неколку месеци беа навистина тешки за Зоки, но секако и за мене бидејќи неговата болка ја гледам и како своја.
Зоки има 25 сантиметри тумор кој мора да се отстрани доколку сака да преживее. Веќе неколку месеци операцијата се одлага, а единствен начин да се оствари побрзо е тоа да биде во приватна болница во која трошоците се огромни. Зоки не сакаше да бара милост ниту некој да го жали, но лично не можам да седам со скрстени раце и да го гледам пријателот како умира. Затоа мои добри луѓе , ве замолувам да се соединиме и да му помогнеме на човекот кој долго ве смее, да ја победи оваа битка и од понеделник да го пратиме на операција. На сликата имате сметка за донации, а потребни се околу 15.000 евра. Доколку има потреба до среда ќе отвориме и броеви. Фала ви однапред на сите, Господ да ве чува, напиша во апелот за помош неговиот пријател и колега Стефан Лазаров.
Да помогнеме сите заедно. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива