Економија Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Најдоброто за крај: Време е за финалните две недели од „Лудо лето со Тиквеш, Luda Mara и Тамаро“

Охрид, 18. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Време е за финалните две недели од летниот проект „Лудо лето со Тиквеш, Luda Mara и Тамаро“, во рамките на кој донесовме многу насмевки и доделивме бројни подароци во текот на јули и првата половина на август.

– Сега е време за финалето, затоа што го зачувавме најдоброто за крај. Дали сте подготвени за секојдневни подароци, но и многу повеќе од тоа? Веќе од утре, понеделник, 19-ти август, па се’ до крајот на август за вас имаме подготвено: секој ден вино Luda Mara и Т’га за југ, ручек во винаријата на „Тиквеш“ со еден прекрасно поминат ден таму за 4 лица, вино Luda Mara во посебно двојно пакување, 20 ваучери со вредност од по 1.000 денари за купување на производи на „Тиквеш“ во маркетот на „Тамаро“ на улицата „АСНОМ“, 3 награди Магнум Барово, обиколка на тиквешовите лозови насади Домеин Лепово за 5 најсреќни групи пријатели од по 4 лица, ќеси за ладење на вино… Сето ова за заедно да го прославиме крајот на едно вакво прекрасно, топло и долго лето охридско, порачуваат организаторите.

Дополнително, останува уште една забава со екипата на Супер радио во Хипер маркетот на „Тамаро“ на улицата „АСНОМ“ во населбата „Бејбунар“. Истата ќе се одржи во вторник, на 20-ти август 2024 година со почеток во 20:00 часот.

Учествувајте во финалните две недели од наградната игра која се одржува секој работен ден во 10:00 часот на Facebook профилот на Супер радио и ќе трае до крајот на август.

Ова лето Луда Мара се влива во прекрасното Охридско Езеро. Заедно со омилените Temjanika и Vranec, ги донесе и новите вина White Cuvée и Red Cuvée на Тиквеш. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука