Струга, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Надворешна канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 51-годишно лице и 41-годишна жена, двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
– На 3-ти август 2024 година, во Струга, пријавените физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 127