Избор Охрид Срамизам ТОП ВЕСТИ

„Срамизам“: „Мостот на желбите“ има само една желба, да не фрламе ѓубре околу него

Охрид, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот.

– Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже.

Денешниот „срамизам“ сведочи за состојбата во која се наоѓа просторот околу „Мостот на желбите“, односно за „делата“ на многу меѓу нас кои фрлаат ѓубре на сите страни, врзуваат хигиенски марамчиња во име на некаква нова традиција, и што ли уште не…

Е па пријатели… Срамизам… (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука