Охрид, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Состојбата на Галичица е стабилна и се продолжува со гасењето, информира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.
– Од рано изутрина сум заедно се екипите кои учествуваат во гасење на пожарот на Галичица, овозможувајќи им поддршка согласно ингеренциите и можностите на Локалната самоуправа. Во оваа прилика сакам да ја изразам мојата благодарност до сите инволвирани во справувањето со пожарот на Галичица. Нивното максимално вложување и надчовечкиот напор е за огромна почит, вели Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 76