Избор Свет

Почина францускиот актер Ален Делон

Париз, 18. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот француски актер Ален Делон почина денеска на 89-годишна возраст, јавуваат француските медиуми.

Веста за смртта на познатиот актер ја потврдија неговите деца.

– Ален Фабиен, Анушка, Ентони, како и Лубо (кучето) со длабока тага објавуваат дека починал нивниот татко, се вели во соопштението.

Семејството соопшти дека Ален Делон починал мирно, во својот дом, опкружен со своите најблиски.

– Ве молиме да ја почитувате неговата приватност, во овој крајно болен момент на жалост, се вели во соопштението.

Ален Делон е роден на 8-ми ноември 1935 година. Тој пленеше со својата убавина и шарм. Ќе остане запаметен како еден од најистакнатите европски актери во 1960-тите и 1970-тите години на минатиот век. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука