Забава Избор

Glass Animals го претставија четвртиот студиски албум „I Love You So F***ing Much“

Охрид, 20. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Британскиот инди рок бенд кој десет години ги освојува топ-листите, Glass Animals го претставија четвртиот студиски албум „I Love You So F***ing Much“ кој е збирка на интимни моменти, егзистенцијални прашања и искрени чувства.

Носи десет теми кои се вистински портрети на љубовта од различни перспективи, а кантавторот и фронтмен на групата Dave Bayley го отвори срцето како никогаш досега и објави автентични приказни од сопствениот живот.

– Толку многу те сакам… Овие зборови добиваат сосема поинакво значење секогаш кога ќе ги кажеме. Универзумот често нè прави да се чувствуваме неверојатно мали и немоќни, но имаме способност да се поврземе со други човечки суштества, а љубовта ни доаѓа на сите во многу форми, вели Dave.

Романтичниот сингл „Creatures In Heaven“ групата го објави во април и со тоа го најави својот нов албум, а во јуни синглот „A Tear In Space“ осамна со сосема поинаква емоција родена од љубов.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука