август 21, 2024

Охрид, 21. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познатата српска џез музичарка Лена Ковачевиќ донесе сосема свежа обработка на познатата песна „Едерлези“ во нејзин препознатлив стил.

За фантастичната продукција и аранжман на овој безвременски хит е заслужен нашиот Дарко Димитров, долгогодишниот соработник на Лена, а музиката и текстот се на Горан Бреговиќ.

– Голема чест и благодарност до Горан Бреговиќ за можноста да уживам во една од најубавите мелодии, благодарност до Дарко за одличниот аранжман на песната „Едерлези“. Верувам дека сите убави мелодии, кои ќе ги надживеат генерациите што доаѓаат, живеат низ времето и ја докажуваат широчината на уметноста, така што оваа песна ми е многу посебна, дури и на концертите што ги свириме, изјави Лена.

„Едерлези“ е традиционална ромска песна од Балканот која се пее по повод празникот Ѓурѓовден. Познатиот бенд Бијело Дугме ја објави нивната верзија во 1988 година, а верзијата на Горан Бреговиќ на оваа песна може да се слушне и во филмот на Емир Кустурица „Дом за вешање“, поради што стана популарна во целиот свет.

Вокалите за оваа верзија ги пее македонската пејачка Васка Јанковска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука