Забава Избор

SUPER Fresh Music: Toby Romeo & Ben Cristovao – Fire

Охрид, 21. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Еден од најценетите EDM музичари, Toby Romeo го претстави неговиот последен хит „Fire“, тема исполнета со позитивна енергија, кој едноставно ве кани на танц.

На песната му се приклучува и познатиот чешки пејач Ben Cristovao, што го прави ова издание врвна меѓународна соработка што секако ќе ги освои срцата на европската фестивалска публика.

Како уметник кој уште од мали нозе го зацврсти својот статус на реномиран Dj, Toby Romeo не престанува да создава хитови, а оваа година ја започна со синглот „Shine“ кој постигна завиден успех по најрелевантните светски радио станици и стриминг платформи.

Ben Cristovao е уште едно име кое се приклучува на листата на познати имиња со кои соработувал познатиот Dj, а спојот на динамичните тонови и енергичниот вокал дефинитивно се покажаа како добитна комбинација.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука