Охрид, 22. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Глобалната K-Pop сензација KatsEye го претстави новиот сингл „Touch“, кој е лежерен дром-поп за потребата да се комуницира со саканата личност, издадена за две светски музички компании – Hybe и Geffen Records.
Следниот чекор за младите музичари е нивното деби EP „Soft Is Strong“, кое носи специфичен концепт и тема што треба да се следи.
Овој пат е опфатена темата за пријателството и сестринството што ја обединува групата. Планиран е и документарен серијал за Netflix за процесот на создавање на групата.
KatSeye е проект составен од шест млади дебитанти кои доаѓаат од сосема различни делови на светот. Daniela, Lara и Meghan доаѓаат од различни делови на САД, Manon е од Цирих, а за се’ да биде уште поразновидно, во групата се и Sophia од Филипините и YonChae, која ја носи автентичноста на јужнокорејската култура.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива