Забава Избор

Ice Spice со новиот албум „Y2K!“ ја враќа естетиката од 2000-тите

Охрид, 23. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ice Spice е класичен претставник на музичарите од новата генерација која со новиот албум „Y2K!“ ја враќа естетиката од 2000-тите, но и загреана атмосфера и многу самодоверба.

Носи десет песни, вклучувајќи и некои долгоочекувани соработки. Пејачката го отвори изданието со веќе добро познатиот сингл „Phat Butt“, по што следуваа и „Gimmie A Light“ и „Think U The Shit (Fart)“ со кои таа ја започна годината.

По повод објавувањето на албумот, Ice Spice блесна на насловната страница на новото издание на престижниот магазин Rolling Stone, каде беше претсставена како „Gen Z феномен“, а гостуваше и на забавното шоу The Tonight Show Starring Jimmy Fallon.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука