Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Нови „Мерак моменти“ во „Форт Кафе“, во недела со Владо Броз и Dj Марама и најголемите хитови на Тереза Кесовија и Дорис Драговиќ

Охрид, 19. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат супер успешните изданија на „Мерак моментите“ во охридското „Форт Кафе“, оваа недела со најголемите хитови на Тереза Кесовија и Дорис Драговиќ.

– Пријатели стари, каде сте? Време е за уште едно издание на „Мерак моменти“. Уште една мерак вечер со Владо Броз и Марама и нежните звуци на музиката на Тереза Кесовија и неповторливата Дорис Драговиќ. Специјална гостинка на вечерта ќе биде Емилија Маринова, која ќе направи заедно да имаме уште една вечер за паметење.  Ве очекуваме во недела на 25-ти август од 20:00 часот во Форт кафе, заедно да уживаме, да ги разбудиме спомените на едни безвременските хитови. Дојдете да уживаме заедно, з’ш меракот е најважен, порачуваат од охридското „Форт Кафе“.

Влезот е слободен по претходна резервација на телефонот 078/242-099.

– Повторно е време за „Мерак моменти“. Дојдете да уживаме заедно, испраќаат покана до сите од „Форт Кафе“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Be1 Digital Marketing 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука