Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Чувате куче во стан: Корисни совети и препораки

Охрид, 19. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Доколку сте решиле да посвоите или купите куче, грижете се за него одговорно. Неколку корисни совети за тоа како најлесно да чувате куче во станот каде живеете.

Дознајте што се’ ви треба пред кучето воопшто да влезе во станот, како да избегнете гризење на каблите и гребење на мебелот, но и други важни информации кои ќе ви бидат корисни.

Набавете ја потребната храна и опрема за престој на кучето во станот

Пред миленичето да стапне во вашиот стан со своите мали шепи, важно е соодветно да го опремите просторот во кој ќе живее. Пред се’ зборуваме за храната, но и за квалитетната опрема за кучиња која е незаменлив дел од домот на сите сопственици на кучиња.

На самиот почеток, важно е да се купува храна во согласност со потребите и возраста на кучето. Вашето домашно милениче треба да ги добие потребните хранливи материи за да биде весело, здраво и среќно.

Потоа ви требаат чинии за храна и вода, поводник, но и играчки, особено ако вашиот нов пријател е среќно кученце кое сака да игра. Потоа можете да изберете мека лежалка или кревет за кучиња, опрема за четкање и одржување на хигиената на кучето и слични додатоци.

Доколку имате други домашни миленици или забележите дека новиот четириножен пријател се исплашил по пристигнувањето и бара место за криење во станот, тогаш добро е да го изолирате кучето одреден временски период.

Кога ќе го поделите просторот, кученцето ќе се чувствува побезбедно и полесно ќе ја запознае новата средина и другите членови на домаќинството. Исто така, оваа опрема ќе ви послужи и во ситуации кога еден миленик е болен, со цел да се спречи можноста за ширење на инфекцијата.

Освен потребната опрема и храна, важно е да се опреми станот за пристигнувањето на миленикот, да се подигнат кршливите предмети на повисоки места, да се заштитат приклучоците и каблите, како и предметите со остри агли, особено ако се работи за стаклени маси.

Дресура

Сите ги сакаме нашите миленици. Но, кога ќе забележите влажен под, искинати влечки, искината облека или дури и каснат кабел неколку дена по ред, сигурно не сте најсреќни. Затоа е важно да го дресирате вашето домашно милениче уште од мали нозе и да го научите како да се однесува во домот, но и надвор.

Како?

Некои раси кучиња се многу лесни за тренирање и ги учат основните правила на однесување уште од мали. Ако сте сопственик на куче за прв пат, тогаш расите како златни ретривери, лабрадор ретривери и пудлици се одличен избор за вас. Пред да одлучите да купите или вдомите куче, задолжително дознајте повеќе за неговиот карактер и најдете одговор на прашањето – дали избраната раса на куче е погодна за чување во стан.

Што треба да се земе во предвид при дресурата?

Дресурата на кучето се врши според принципот на наградување на добри модели на однесување. За време на дресурата не смеете да го удирате или да му викате на кучето, бидејќи на тој начин постигнувате негативен ефект, а можно е миленикот од страв да не  научи ништо ново.

Лошото однесување треба да се „казни“ со кратко и јасно „не“ и да престанете со се’ што дотогаш правевте со вашиот миленик. Со текот на времето, кога кучето ќе разбере дека одредено однесување следи награда, а по некое друго казна, несаканите однесувања постепено ќе исчезнат.

Овој модел треба да се применува во ситуации кои често им се случуваат на неискусните сопственици на кучиња – кога кучето го гризе мебелот и го уништува, кога тоа не слуша наредби и често врши нужда во вашиот дом. На почетокот, додека кученцето е се’ уште мало и учи да врши нужда на едно место, а потоа и надвор, можеби ќе ви требаат посебни пелени за кучиња.

Иако изгледа многу предизвикувачки, кога ќе се етаблирате како авторитет и редовно го наградувате кучето за доброто однесување, станот нема да му биде игралиште, а вашиот мебел ќе остане недопрен. Меѓутоа, ако се чини дека не ви оди добро во улогата на тренер или сте сопственик на раса која е малку потешка за учење, побарајте помош од професионалци и ефективно едуцирајте го вашиот четириножен пријател.

Редовно шетајте го вашето домашно милениче

Уште еден детал што ниту еден одговорен сопственик на куче не смее да го заборави е прошетката. Кучињата сакаат активности на отворено, многу раси сакаат да се дружат со други домашни миленици, да ја истражуваат околината или да уживаат во заеднички активности со својот сопственик. Во текот на растењето на кученцето постепено ќе се навикнувате на неговите потреби и соодветно ќе одвојувате време за прошетки. Расите како лабрадор или ротвајлер бараат дури и неколку часа дневно пешачење, додека помалите раси како францускиот булдог бараат пократки прошетки. Ваквите редовни прошетки ќе му помогнат на миленикот да се ослободи од вишокот енергија, ќе го израдуваат и ќе ја намалат можноста за несакано однесување во станот.

Čuvanje psa u stanu

Посветете му внимание и направете го да се чувствува безбедно во новата средина

Познато е дека кучињата на своите сопственици им даваат неизмерна љубов, тие се приврзани, лојални и секогаш со своите најдобри пријатели. На истиот начин, секој одговорен сопственик треба да им врати. Кога влегува во нов дом, кучето може да се чувствува несигурно, исплашено, можеби и малку агресивно. Во ситуации на адаптација на нова средина, важно е да бидете трпеливи.

Вашата улога како негов нов сопственик е да му посветите внимание на директен и не премногу напорен начин. Со текот на времето, миленичето ќе се опушти до момент кога целосно ќе почне да ви верува. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука