Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Сериозно влошена здравствената состојба на Бора Чорба

Белград, 20. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сериозно е влошена здравствената состојба на Бора Чорба, легендарниот фронтмен на групата „Рибља чорба“, поради што не може да патува и се принудени да ги откажат сите закажани настапи.

Членовите на „Рибља чорба“ се огласија на социјалните мрежи, откако здравјето на нивниот фронтмен Бора Ѓорѓевиќ беше сериозно нарушено. Како што истакнуваат, рокерот моментално има пневмонија, поради што не може да патува, па се принудени да ги откажат настапите.

– Почитувани пријатели, поради нарушено здравје, лекарите му забранија на Бора Ѓорѓевиќ да патува и да се напрега. Станува збор за тешка пневмонија, влошување со хронична, опструктивна белодробна болест. Секако, како и секогаш, ќе ги победиме болестите и штом Бора закрепне ќе се видиме на нови настапи, стои на официјалната Facebook страна на групата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука