Сански Мост, 21. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Три лица се убиени, а еден е тешко ранет во просториите на гимназијата во Сански Мост, на северозападот на Босна и Херцеговина.
– Напаѓачот пукал со автоматска пушка кон тројца вработени во училиштето, меѓу кои се и директорот на училиштето, секретарката и една професорка, потврдија за Радио Слободна Европа од полицијата на Унско-санскиот кантон.
Како што соопштиле од полицијата, напаѓачот се обидел да се самоубие, бил тешко повреден и пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука.
Осомничен за убиствата е вработен во средното училиште во Сански Мост. (Крај)
извор: Радио Слободна Европа фото: Радио Слободна Европа
Прочитано: 82