News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
август 21, 2024

Охрид, 21. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 65 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14 и 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22) и член 2 и 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина (Сл.весник на Република Македонија 147/08, 45/11), Министерството за животна средина и просторно планирање го дава следното известување.

Се известува заинтересираната јавност дека Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина (СОЖС) (УП1—15-1205 од 10.06.2024 година) за плански документ Национална стратегија за управување со отпад (НСУО) (2024-2036) со што е отпочната процедура за стратегиска оцена на планскиот документ.

Нацрт СОЖС извештајот заедно со нацрт НСУО ќе бидат достапни за јавен увид на интернет страната на МЖСПП и во просториите на МЖСПП, Сектор за отпад, секој ден од 08:00 до 16:00 часот во текот на периодот за јавен увид (19.08.2024 – 19.09.2024 година). Јавниот увид ќе трае 30 (триесет) денови од денот на објавувањето на соопштението.

Јавните расправи по Нацрт извештајот за стратегиска оцена ќе се одржат во општинската сала во Охрид, на 2-ри септември 2024 година, во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Документите се достапни на веб страницата на МЖСПП на македонски, албански и англиски јазик на следниот линк.

Сите коментари поврзани со нацрт извештајот за стратегиска оцена може да се достават на следниот начин: електронски на следната адреса: [email protected] (контакт лице Каранфилова Мазневска) или по пошта на следната адреса:

Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, Скопје, (со назнака до Сектор отпад)

M.Sc. Ana Karanfilova Maznevska

Head of Waste Management Department

Environmental Administration/Ministry of Environment and Physical Planning,

Republic of Macedonia

Address:Plostad Presveta Bogorodica, No. 3, 2nd floor

1000 Skopje

Mob.: ++389 75 35 94 84

[email protected]

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука