Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Започнува Охридскиот хорски фестивал 2024

Охрид, 22. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска до 26-ти овој месец Охрид ќе биде домаќин на Охридскиот хорски фестивал 2024.

На овогодинашното издание учество земаат 16 хорови од Хрватска, Босна и Херцеговина, Чешка, Полска, Унгарија, Турција, Естонија, Летонија и Македонија.

Отворањето на фестивалот е вечерва од 19:00 часот со поздравен говор, заедничко пеење и настапи на отворено на хоровите учесници.

Настапите со натпреварувачки карактер како и концертите на духовна, поп и фолк музика ќе се одржуваат во дијамантската сала на хотелот „Инекс Олгица“ и во католичката црква „Св. Кирил и Методиј“.

Влезот за фестивалските ноќи е слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука