Забава Избор

Следната недела Escape room на паркингот кај поранешната Касарна во Охрид

Охрид, 22. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Клубот на млади при Црвен Крст Охрид организира интересна активност каде младите можат да ја покажат својата тимска работа, решат загатки и избегаат од таканаречениот Escape room.

– Темата е следна. Шетајќи по запуштениот град, наоѓате ранец во кој би можеле да ги најдете потребните залихи за живот. Се обидувате да го земете, но набргу опасноста повторно се приближува, велат организаторите.

Escape room ќе биде „поставена“ на паркингот кај поранешната Касарна во Охрид, следната недела, на 28-ми, 29-ти и 30-ти август во периодот од 17:00 до 03:00 часот.

Цената по учесник е 200 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука