Пустец, 23. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на воспоставената прекугранична соработка помеѓу Здружението за литератута и култура „Мацково“ од Охрид и Органиазијата за литературно и културно активирање, од Корча Албанија, денеска, на вториот ден, активностите од шестиот Балканскиот поетски камп за деца и млади, „Ванчо Николески“ продолжија во Мала Преспа.
Учесниците, најнапред, имаа средба со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колевски. Продолжија со посета на гимназијата во Пустец и на музејот „Стерјо Спасе“ во Глобочани, познат албански автор со македонско етничко потекло.
Тука беше промовирана книгата „Американски сон“ од авторот Ерис Руси.
Вечерва, учесниците ќе бидат гости во познатото катче „Култура 365“, во старото градско јадро на Охрид, по што ќе присуствуваат на предавањето на поетскиот портрет на годинешниот добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата (СВП), францускиот автор Жан Пер Симеон. (Крај)
извор: Веле Митаноски фото: Веле Митаноски