ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

НП „Галичица“: Поддршка за Предлогот на Закон за прогласување на Охридско Езеро за Споменик на природата и Студенчишко Блато за Парк на природата

Охрид, 23. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Не радуваат информацииите дека наскоро НП „Галичица“ ќе добие едно ново соседно заштитено подрачје, а тоа е Парк на природата „Студeнчишко Блато“, како и активноста за повторното прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје – Споменик на природата, потенцираат од Националниот парк „Галичица“.

– Во таа насока даваме максимална поддршка за Предлогот на Закон за прогласување на Охридско Езеро за Споменик на природата и Предлогот на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природа, кои се во собраниска процедура пред донесување, а истите се предложени од Министерство за животна средина и просторно планирање во согласност со Законот за заштита на природата. Нашите искуства и капацитети за управување и заштита на природата ќе ги дадеме на располагање на новите управувачи ЈП Колекторски систем, Охрид како иден упраувач со заштитено подрачје Споменик на природа – Охридско Езеро и Општина Охрид како иден управувач со заштитено подрчаје Парк на природа – Студенчишко Блато, потенцираат од НП „Галичица“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука