Белчишта, 22. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Учесниците на 6. издание на Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“, кој е во организација на Друштвото за литература и култура „Мацково“, денеска остварија средба со градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески.
– Од страна на организаторот и учесниците бев информиран дека годинава, како плод на воспоставената прекугранична соработка со Организацијата за литературно и културно активирање, од Корча, Албанија, Кампот внесува нова содржина, со тоа што учесниците и организаторите ќе ја посетат и Мала Преспа, Албанија. Од моја страна истакнав дека ние сме посебно горди што основоположникот на македонската литература за деца и млади, Ванчо Николески е родум од селото Црвена Вода, Општина Дебрца и дека со одржувањето на Кампот се оддава посебен пиетет на неговото дело. Сите ние како ученици образованието сме го започнувале со неговите дела, истакна Ногачески.
Додаде дека општината секоја година финансиски го поддржува Кампот, и дека така ќе биде и во иднина. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива