Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Влошена здравствената состојба на Бора Ѓорѓевиќ, лидерот на групата „Рибља чорба“

Љубљана, 23. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Состојбата на музичарот Бора Ѓорѓевиќ е влошена, добива кислород и не може да се изврши никаква операција, изјави Бане Обрадовиќ, менаџер на групата „Рибља чорба“ за српските медиуми.

Фронтменот на „Рибља чорба“ пред три дена беше задржан во болница во Љубљана поради проблеми со белите дробови.

– Бора е во болница, се’ ќе знаеме за 24 часа. Имаме само информација дека се работи за тешко воспаление на белите дробови, изјави тогаш Обрадовиќ.

На официјалната Facebook страна на групата „Рибља чорба“ беше објавено соопштение за неговата здравствена состојба.

– Драги пријатели, поради нарушено здравје, лекарите му забранија на Бора Ѓорѓевиќ да патува и да се напрега. Има тешка пневмонија, како и влошување на состојбата на белите дробови. Секако, како и секогаш, ќе ја победиме болеста и штом Бора закрепне ќе се видиме на нови настапи, порачаа од групата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука