Охрид, 24. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Водовод“ од Охрид утрово интервенираа по настанат дефект на водоводната мрежа на Булевар „Туристичка“ во Охрид.
Од раните утрински часови се санираше мрежата на потегот кај „Скалестата зграда“, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници во дел на градот.
Информираат дека работите ќе продолжат до комплетно санирање на дефектот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 59