Економија Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Епизодата од популарната емисија „Гастрономад“ снимена во „Пирустија Неданоски“ во вторник на РТС 1

Охрид, 24. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Епизодата од популарната емисија „Гастрономад“, која во текот на јули оваа година се снимаше во „Пирустија Неданоски“ кај Охрид, во вторник, на 27-ми август 2024 година, со почеток во 13:30 часот ќе се емитува на каналот РТС 1.

– Во охридското село Рамне, со прекрасен панорамски поглед на Охрид, се наоѓа домаќинска куќа „Пирустија“ или познати како „Пирустија Неданоски“. Селото Рамне се издигна над Охридското Езеро, па од височина од околу илјада метри мирно го набљудува езерото и вревата на туристите во овој бисер на Република Македонија. Зачуваните традиционални македонски куќи ги враќаат посетителите во некои стари и помирни времиња, кога за добар живот не требаше многу – љубов, почит, трпеза полна со вкусни специјалитети и чаша добро локално вино. Рамне, покрај несебичното гостопримство, на своите гости им нуди и посета на црквата „Свети Атанасиј“, позната по тоа што во себе крие мал извор со проточна вода. Нашата гастронома Катарина Петровиќ Каја од Наташа Неданоска научи како се прават највкусните пити, порачаа авторите на емисијата.

Природа, чист воздух, изворска вода, место за вистинско уживање и полнење батерии. Концептот е „учиме да сучиме“, а центар на оваа успешна приказна е домаќинката, Наташа Неданоска.

– Ненад Гладиќ, познат како Лепи Брка ја започна приказната за патување без граници. Девет години тој вредно ги собираше искуствата на луѓето обединети од истата љубов и ги презентираше на најдобар можен начин. Во чест на сите гастрономади, оние зад камери и пред, во чест на секоја храна што го прави овој живот богат како што е, во чест на сите приказни на трпезата и секаде каде што има добар залак, Катарина Петровиќ започна ново патување. Во морето од прашања, до ридот на слатките, низ долината на интересни нешта, во воз натоварен со намирници и сите заедно ќе ја раскажеме таа прекрасна приказна, како вистински гастрономади, ја раскажуваат својата приказна од „Гастрономад“.

Повеќе за „Пирустија Неданоски“ од интервјуто за Супер радио и OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Пирустија Неданоски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука