Охрид, 25. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Убаво вино, вински приказни, насмеани лица, позитивна енергија, убава музика…
Охридскиот ресторан „Канео“ со првото издание на настанот „Над Езерото“ се стави над сите очекувања и од годинава, започна со организација на една прекрасна приказна која има за цел да го доближи македонскиот вински идентитет до домашната и странската публика.
На „Долни Сарај“ своите производи ги понудија 30-тина винарии и дестилерии, а учествуваа и дел од македонските локални производители на храна и претставници на Slow Food.
За вечерта да биде уште поубава се погрижи инспиративната млада пејачка со сериозно моќен вокал, Агни Авшар, која со внимателно одбран избор на музика и одлична поддршка од нејзиниот квинтет направи целокупното искуство да биде уште посилно.
Летвичката е подигната сериозно високо и на Охрид му требаат повеќе вакви настани од оние кои знаат, за оние кои знаат.
Поддршка за организаторите и го очекуваме следното вакво дружење. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес