Охрид, 25. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Посебна екипа денеска ги санираше последиците и ја следи состојбата по вчерашниот помал пожар кој избувна на планината Галичица.
Екипата, составена од двајца пожарникари од охридската противпожарна територијална единица (ТППЕ), шумарскиот техничар Сотироски Тоше и двајца доброволци од селото Љубаништа работеа во текот на денешниот ден на комплетно гасење на остатоците од пожарот.
Екипата будно ја следи состојбата, пред се’ поради топлото време денеска во Охрид, поради кое постоеше опасност пожарот над селото Трпејца, кај местото викано „Зли дол“, повторно да избувне.
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес
Прочитано: 134