Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Пожар во близина на Охридскиот аеродром, пронајдени канти со бензин

Охрид/Струга, 25. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице е повикано во охридската полиција на информативен разговор во врска пожарот што синоќа изби во близина на аеродромот во Охрид.

Полициски службеници од СВР Охрид излегоа на местото на настанот каде претходно биле две лица во близина на патничко возило марка „Тојота“ кои потоа веднаш се дале во бегство со друго возило.

– Од страна на Територијалната противпожарна единица од Охрид пожарот бил изгаснат, а пристигнал и 23-годишен жител на Струга, кој кажал дека нивата била во негова сопственост и дека со негови роднини вршеле средување на нивата, а пожарот настанал поради негово невнимание односно додека извршувале работи. Истиот фрлил неизгаснат отпушок од цигара од што настанал пожарот кој не успеале да го стават под контрола. На местото на настанот пронајдено е и патничкото возило „Тојота“ и две канти со бензин, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. (Крај)

извор: opserver.mk фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука