ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ЦУК: Ставен е под контрола пожарот на Плаќенска планина, над селото Вирово

Скопје/Охрид, 26. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, недела, 25-ти август 2024 година, регистрирани се вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се 2, под контрола се 3 и изгаснати се 15, информираат од Центарот за управување со кризи на Република Македонија (ЦУК).

Според истиоте, во регионот на Охрид ставен е под контрола пожарот на Плаќенска планина, над селото Вирово, каде гореше ниска вегетација и сува трева.

– На планината Галичица регистрирано е чадење на две места, кај местото викано „Зли Дол“, каде тлеат трупци од претходниот пожар и кај селата Стење и Лескоец, Општина Ресен, каде гори трева и лисна постелка во дабова шума, информираат од ЦУК. (Крај)

извор: ЦУК фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука