Избор Локална самоуправа Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охрид домаќин на Меѓународна веслачка регата

Охрид, 24. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вкупно 48 натпреварувачи од веслачки клубови од Србија, Бугарија, Хрватска и Македонија беа дел од Меѓународната охридска веслачка регата која се одржа денеска во водите на Охридското Езеро.

Спортскиот настан беше во рамки на програмата на овогодинешното издание на Ohrid Water Festival.

Домаќин и организатор на регатата која се одржува втора година по ред беше веслачкиот клуб „Горица Ремо“ од Охрид, кои на ова натпреварување се претставија со 12 свои веслачи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука