Забава Избор

SUPER Fresh Music: Quavo & Lana Del Rey – Tough

Охрид, 27. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Незапирливото дуо Quavo и Lana Del Rey го претставија доминантниот и храбар сингл „Tough“ кој ја носи приказната за трнливиот животен пат и заедништво против секоја пречка.

Спојот на сонливи тонови и вокали кои ја прославија легендарната Lana и „тврдиот“ рап по кој е познат поранешниот член на Migos е веќе еден од најактуелните дуети оваа година.

– Најтврдиот рапер што го познавам, Quavo, ми се приклучи на новата песна. Благодарност до сите што помогнаа ова да се случи, сподели Lana Del Rey на Instagram.

Ова издание е големо враќање на Lana, а реакцијата на слушателите сугерира дека направила добра одлука, бидејќи само најавата за синглот имаше повеќе од 40 милиони прегледи за 24 часа.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука