август 26, 2024

Охрид, 26. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ни беше голема чест да бидеме домаќини на Сејо Брајловиќ, сопственикот на ресторанот „Брајловиќ“, познат по тоа што ја служи најдобрата храна во Сараево, Босна и Херцеговина, порачаа од Bacchus Wine Bar & Apartments.

Потсетуваат дека покрај неговата кулинарска извонредност, Сејо е познат и по неговата хуманитарна работа и посветеноста да им помага на другите.

– Беше привилегија да посакаме добредојде на една ваква инспиративна и дарежлива личност во нашиот вински бар, додаваат од Bacchus Wine Bar & Apartments.

Bacchus Wine Bar & Apartments повеќе од една година успешно работи од центарот на градот, и нуди вистинско уживање за сите сетила. На врвна локација и со амбиент и понуда за најголемите вински сладокусци. Повеќе од 30 македонски винарии нудат 225 видови вино, а може да се пробаат и уникатни ракии од кои повеќе од четвртина ги има само тука. Даваат и силна поддршка за локалните производители на храна, која го надополнува виното за едно уникатно и незаборавно искуство.

Се наоѓа во самото срце на градот, на улица „Цар Самоил“ број 17, а располагаат и со современо уредени апартмани со прекрасен поглед кон езерото и стариот дел на градот. Можете да ги побарате на нивната официјална веб страна, како и на профилите на социјалните мрежи. Телефон за дополнителни информации 075/464-500. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука