Охрид, 28. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Младата надеж на европската EDM индустрија, Lavern го претстави етеричниот денс сингл „Electric High“ кој е микс од синт-поп и возбудлив ритам кои носат фантастична атмосфера.
Како и со сите негови претходни хитови, Lavern на оваа песна и’ даде свој автентичен печат со примеси на меланхолија вткаена во типичен EDM ритам.
Светската слава ја стекна минатата година благодарение на синглот „Hold Me“, кој денес има повеќе од 100 милиони слушања на музичката платформа Spotify, а потоа следеа милиони на бројни други синглови, како и вирални видеа на социјалните мрежи.
Овој познат 22-годишен диџеј од Холандија започна да се занимава со музика на само 13 години, а како што одминува времето, неговото име дефинитивно станува едно од најважните на музичката сцена на EDM музиката.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива