Охрид, 29. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Песната „Зови ме Лена“ доживеа римејк верзија од Тамара Тодевска, Just RB и Никифор.
Оваа песна за прв пат беше изведена на годинешниот избор за песна на Евровизија во Србија од Лена Ковачевиќ.
Автор на музиката на песната е Дарко Димитров, кој заедно со Роберт Билбилов (Just RB) и Лазар Цветкоски работеа на оригиналната верзија. „Зови ме Лена“ доживеа нова, римејк верзија, која го најавува албумот „African Queen”, кој е во процес на подготовка од Just RB и DJ Nikifor.
– Среќна сум што на овој римејк работев заедно со моите добри пријатели и соработници: Роберт Билбилов и Никифор, но секако и со Дарко Димитров и Лазар Цветкоски кои се дел од целиот проект, вели Тамара. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 46