Охрид, 30. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охрид денеска и утре ќе пулсира во звукот на убавата музика и најновото, 31-во издание на популарниот фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“, кој ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ во Охрид.
Станува збор за еден од најпознатите музички фестивали во Република Македонија. Традиционално фестивалот ќе започне во 21:00 часот со Фолк вечерта.
– Шармантната Ирена Спировска по втор пат е водителка на вечер со добра народна музика, на која настапуваат: Нино Величковски, Благица Павловска, Катерина Танева, Ирена Спасовска, Петар Нечовски, Баже Грујовски, група Биоритам, Ленче Кукиќ, Драган Николовски Даце, Анета Арсовска, Игор Бежаноски, Катерина Ристова, Горан Кукиќ, Ивица Станчиќ, Емилија Марин, Микеле, Влатко Миладиновски и Ѓоко Дичоски. На фестивалот ќе бидат доделени неколку награди, вклучително и новинарската, каде нашите медиумски подржувачи одбираат песна што ги задоволува критериумите на седмата сила. Не очекува прекрасна вечер, порачаа организаторите.
Утре следува и Интернационалната вечер која е резервирана за поп-музиката. На сцената ќе ги видиме Јелена Томашевиќ, Дадо Топиќ, Гоца Тржан и многу други. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива