Забава Избор

Владо Јаневски го објави спотот за „Прекрасен ден“, сниман во живо на концертот на Античкиот театар во Охрид

Охрид, 14. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Владо Јаневски го објави спотот за најновата песна „Прекрасен ден“.

Спотот беше сниман во живо на концертот на Античкиот театар во Охрид на 10-ти август.

Прекрасен ден, ти мораш негде, а јас те гушкам посилно. Дај, земи ме денес со тебе, сал да те гледам ми е доволно. А јас и ти, што и да иде, нека ни биде барем заедно…

Ова се дел од стиховите на песната која како сингл беше издадена во пресрет на летните настапи на Јаневски ширум Македонија, а секако и нашиот Охрид кој се најде на мапата.

Песната е обработка на руската песна „Погода в доме“ на Лариса Долина, а снимена е во студиото на Дарко Димитров во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука